Ашанти (пејачка)
Ашанти Шекуоја Даглас-Хејнс (англ. Ashanti Shequoiya Douglas-Haynes; родена на 13 октомври 1980) ― американска пејачка, текстописец и глумица. Стекнала популарност на почетокот од 2000-тите, посебно благодарение на успехот на нејзиниот прв албум под наслов Ashanti од 2002 година, кој освоил Греми-награда за најдобар современ ритам и блуз албум и бил сертифициран за тројно платинест во САД. Нејзини најуспешни синглови се: „Foolish“, „Always on Time“ и „What's Luv?“.
Ашанти | |
---|---|
Ашанти во 2018 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Ашанти Шекуоја Даглас |
Роден(а) | 13 октомври 1980 Глен Коув, Њујорк, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 2001–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | ashantithisisme.com |
Живот и кариера
уредиАшанти Шекуоја Даглас[4] била родена на 13 октомври 1980 година,[5] во Глен Коув, Њујорк.[6] Името го добила по царството Ашанти во Гана.[7] Нејзиниот дедо, Џејмс, бил активист за граѓански права во САД и бил поврзан со Мартин Лутер Кинг во 1960-тите.[8]
Ашанти почнала да пишува песни додека била во средно училиште.[9] Како тинејџерка настапувала во месно шоу за таленти и на неколку мали фестивали.[10] Првата филмска улога ја имала во филмот „Малколм Икс“ од Спајк Ли (1992), а исто така неколкупати глумела во музички спотови.[11]
2001–2003: Почетоци на музичката кариера и први албуми
уредиАшанти го привлекла вниманието на Ирв Готи поради нејзините гласовни способности.[12] Тој ја замолил да настапува со рап-изведувачи и да снима дуети со нив. Ашанти пеела како пратечки вокал во песната „How We Roll“ од раперот Биг Пун. Следувало учеството во саундтракот за „Брзи и бесни“ во 2001 година на хип хоп преработката на песната од Мадона „Justify My Love“ во соработка со пејачката Вита и со соло-песната „When a Man Does Wrong“. Таа потоа соработувала со Фет Џо на неговата песна „What's Luv?“ и со Џа Рул на песната „Always on Time“.Двете песни биле издадени истовремено и станале најголеми хит-песни во 2002 година. Ашанти станала прва пејачка која истовремено ги зазела првите две позиции на американската Билборд Хот 100 топ-листа откако „Always on Time“ и „What's Luv?“ се нашле на прво и второ место, соодветно.
По успехот на нејзините соработки со Џа Рул и Фет Џо, Ашанти го издала нејзиниот прв сингл, „Foоlish“. Синглот поминал десет недели на врвот на Billboard Hot 100. Таа станала втор изведувач (по Битлси) чии песни ги окупиларе првите три позиции на Хот-100 истовремено. Истоимениот прв албум од Ашанти, Ashanti, бил издаден во април 2002 година. Дебитирал на прво место на американската табела за албуми Билборд 200. Албумот бил сертифициран за тројно платинест во САД и бил продаден во шест милиони примероци во светски рамки.[13] Албумот ѝ донел многу награди, вклучувајќи осум Билбордови награди, две Американски музички награди и Греми награда во 2003 година за најдобар современ R&B албум. Ашанти била прв музичар кој ја освоил наградата за „Најдобар современ R&B албум“.[14] Таа била номинирана за најдобар нов изведувач, а „Foolish“ била номинирана во категоријата за најдобра R&B вокална изведба од пејачка. Истата година Ашанти, исто така, ја добила наградата „Комета“ и две музички награди „Soul Train“.
Непосредно пред објавувањето на нејзиниот втор албум, Ашанти настапила на концертот „Дуети на дивите од VH1“ заедно со Витни Хјустон, Чака Кан, Бијонсе и Лиза Мари Присли. За време на концертот, таа извела дуети со The Isley Brothers и со Стиви Вондер и учествувала во финалната изведба на Вондер „Hier Ground“.[15]
Во јули 2003 година, Ашанти го издала нејзиниот втор албум „Chapter II“, кој дебитирал на прво место на Билборд 200.[16] Музичкото видео за првиот сингл од Chapter II, „Rock wit U (Awww Baby)“, било номинирано за две видеомузички награди од MTV во 2003 година. Истата година, Ашанти започнала романтична врска со раперот Нели.[17] Во ноември 2003 година, Ашанти издала божиќен албум под наслов Ashanti's Christmas.
2004–2007: Следни албуми и почетоци со глума
уредиВо декември 2004 година, Ашанти го издала нејзиниот трет студиски албум, Concrete Rose. Албумот дебитирал на седмо место во САД.
Во 2005 година, Ашанти повеќе се насочила на нејзината глумечка кариера. Како професионална глумица дебитирала во играниот филм „Тренерот Картер“ во кој глумела покрај Семјуел Л. Џексон. Ја глумела и Дороти Гејл во телевизискиот филм „Мапетовиот волшебник од Оз“. За филмот, Ашанти ја испеала песната „When I'm with You“ која била номинирана за Еми награда за серија во ударен термин во категоријата „Извонредна музика и текст“. Во „Тренерот Картер“, глумела бремена тинејџерка по име Кира која требало да одлучи дали да го абортира нејзиното неродено дете. Кон крајот на 2005 година, Ашанти била поканета на „Балот на легендите“ од Опра Винфри, кој им оддал почит на неколку највлијателни и легендарни Афроамериканки од дваесеттиот век во областа на уметноста, забавата и граѓанските права. Во декември 2005 година, Ашанти го издала ремикс-албумот од Concrete Rose под наслов Collectables by Ashanti.
Во 2006 година, глумела во тинејџерската комедија Џон Такер мора да умре, а во 2007 година имала споредна улога во акциониот филм Resident Evil: Extinction (2007).[18]
2008–2014: Заминување од The Inc., пауза и шести студиски албум
уредиНејзиниот четврти студиски албум, The Declaration, бил издаден на 3 јуни 2008 година.[19] Во јули 2008 година, Ашанти била именувана за амбасадор на туризмот за округот Насау, Лонг Ајленд. Во мај 2009 година, Ирв Готи објавил дека официјално ја ослободува од The Inc. Records.[20] На 24 септември 2009 година, Ашанти објавила дека нејзиниот петти студиски албум ќе биде објавен од нејзината нова издавачка куќа, Written Entertainment.
Ашанти ја предводела актерската постава од театарската претстава Волшебникот (The Wiz) во 2009 година.[21] За улогата на Дороти, Ашанти добила мешани критики при што повеќето критичари го пофалиле нејзиниот глас, но биле помалку задоволни од нејзината глумечка способност.[22]
По четиригодишна пауза, Ашанти ја објавила песната „Never Too Far Away“, која била прикажана во филмот Dream House од Морган Крик. Главниот сингл од нејзиниот петти студиски албум, „The Woman You Love“ со американскиот рапер Баста Рајмс, бил објавен онлајн на 15 декември 2011 година.[23] Ашанти соработувала со Мик Мил и Френч Монтана за вториот сингл „No One Greater“. Во април 2013 година, објавила уште еден сингл под наслов „Never Should Have“, [24] кој подоцна ја освоил наградата „Најдобра независна R&B/Soul изведба“ на Soul Train наградите во 2013 година.[25]
На 4 март 2014 година го издала петтиот студиски албум, Braveheart.[26] Во јануари 2014 година, Ашанти го снимила видеото за официјалниот прв сингл од Braveheart насловен како „I Got It“ со Рик Рос.[27] Албумот добил поволни критики и дебитирал на десетто место на американскиот Билборд 200, станувајќи петти последователен албум на Ашанти кој се пласирал во топ-десет.
2015–сега: Соработки
уредиВо 2015 година, Ашанти соработувала со Мишел Обама за нејзината кампања #Let'sMove за ширење на свеста за водата за пиење и објавила ново видео и песна „Let's Go“.[28] Во 2016 година, соработувала на песната „Seven Day Love“ вклучена на албумот „Inzombia“ од канадската пејачка Бели.[29] Исто така, соработувала со многу музичари, вклучувајќи ги: Сија, Алиша Кис, Џон Леџенд, Квин Латифа, Ашер и Кели Кларксон за интерпретација на песните од бродвејскиот мјузикл „Хамилтон“ во компилацијата „The Hamilton Mixtape“.[30]
Во 2017 и 2018 година била вклучена во неколку соработки, вклучувајќи го синглот „Sаy Less“ со Тај Дола Сајн, песната „The Road“ од Машел Монтано и песната „Start This Shit Off Right“ со Мек Мејн, од албумот „Тhа Carter V“ од Лил Вејн.[31]
Ашанти ја објавила соработката „Pretty Little Thing“ со Афро Би во август 2019 година.[32] [33] Таа била вклучена и во саундтракот на филмот <i id="mwAfA">Stuck</i>, кој таа го продуцирала.[34]
Во јануари 2021 година, Ашанти го издала синглот „2:35 (I Want You)“.[35] Во октомври 2022 година, Ашанти соработувала со Диди на ремиксот за песната „Gotta Move On“, во кој исто така се појавуваат Брајсон Тилер и Јунг Мајами.[36] Во февруари 2024 година, соработувала со Џермејн Дупри на синглот „This Lil' Game We Play“ заедно со Нели и Џуси Џеј.[37][38][39]
Личен живот
уредиНа 7 јануари 2003 година, на прес-конференција за Греми наградите во 2003 година Ашанти се запознала со раперот Нели, [17] и подоцна стапиле во романтична врска. Во 2014 година, по една деценија заедно, тие се разделиле,[40] а ја обновиле врската во 2023 година.[41] Во декември 2023 година, било објавено дека парот го очекува нивното прво заедничко дете.[42] Во април 2024 година, Ашанти ја потврдила нејзината бременост и веридбата.[43] Нивниот син се родил во август 2024 година.
На 19 јуни 2024 година, било откриено дека Ашанти и Нели се венчале на 27 декември 2023 година.
Дискографија
уреди- Студиски албуми
- Ashanti (2002)
- Chapter II (2003)
- Ashanti's Christmas (2003)
- Concrete Rose (2004)
- The Declaration (2008)
- Braveheart (2014)
Наводи
уреди- ↑ McKinnley, James C. Jr. (December 16, 2014). „Ashanti, R&B Singer, Is Cross-Examined by Her Convicted Stalker“. The New York Times. Посетено на November 9, 2017.
- ↑ Jean-Baptiste Jr., Renaud (April 23, 2015). „Where Are They Now? The Murder Inc. Edition“. VH1. Архивирано од изворникот December 19, 2022. Посетено на November 9, 2017.
- ↑ Dansby, Andrew (April 10, 2002). „Ashanti Tops Celine“. Rolling Stone. Посетено на November 9, 2017.
- ↑ „The Sky's the Limit“. Vibe. Vibe Media Group. 10 (7): 84. July 2002. ISSN 1070-4701. Посетено на October 29, 2009.
- ↑ Laufenberg 2005
- ↑ Birchmeier, Jason. „Ashanti > Biography“. AllMusic. Посетено на October 30, 2009.
- ↑ „Ashanti: new singer reigns as music's princess of hip-hop soul“. Jet. Johnson Publishing Company. July 1, 2002. Посетено на July 26, 2014.
- ↑ „Howstuffworks "Ashanti's Story"“. Entertainment.howstuffworks.com. September 17, 2003. Посетено на March 18, 2013.
- ↑ Kugel, Seth (December 30, 2001). „A Glen Cove Native's Dream of Fame“. The New York Times. Посетено на August 23, 2022.
- ↑ „The Ashanti Picture Pages“. Superiorpics.com. Архивирано од изворникот на September 12, 2012. Посетено на March 18, 2013.
- ↑ Group, Vibe Media (May 10, 2017). „Vibe“. Vibe Media Group.
- ↑ „Archived copy“. Архивирано од изворникот на January 14, 2009. Посетено на September 14, 2008.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link)
- ↑ Norment, Lynn (March 2005). „Ashanti: answers critics & doubters“. Ebony. Посетено на July 26, 2014.
- ↑ „Vibe“. February 7, 2017. Посетено на February 13, 2017.
- ↑ Morales, Tatiana (May 22, 2003). „VH1 Divas Sing Duets“. cbsnews.com. Посетено на May 6, 2020.
- ↑ Farber, Jim (May 2, 2005). „Ashanti, Tweet lose golden touch“. Seattletimes.nwsource.com. Архивирано од изворникот на June 29, 2011. Посетено на March 18, 2013.
- ↑ 17,0 17,1 „Ashanti Reveals How She & Nelly Met For His "Behind The Music" Special“. March 4, 2011.
- ↑ „Ashanti Hopes Her Bloody 'Buffy' Background Helps Her In 'Resident Evil 3'“. MTV News (англиски). Архивирано од изворникот на December 1, 2017. Посетено на December 1, 2017.
- ↑ „Ashanti and Nelly Get New Release Dates“. Rap-up.com. January 24, 2008. Посетено на March 18, 2013.
- ↑ Reid, Shaheem (May 7, 2009). „Irv Gotti Says He's Dropping Ashanti From The Inc“. MTV News. Архивирано од изворникот на May 9, 2009. Посетено на May 8, 2009.
- ↑ "Ashanti set to make her stage debut in 'The Wiz'"[мртва врска] Associated Press April 29, 2009
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „New Music: Ashanti f/ Busta Rhymes – 'The Woman You Love'“. Rap-Up.com. December 14, 2011. Посетено на March 18, 2013.
- ↑ Edna Gundersen (April 2, 2013). „Ashanti's back with new single 'Never Should Have'“. USA Today.
- ↑ „Ashanti at the Soul Train Awards / Takes home Best Independent R&B/Soul Performance!“. Архивирано од изворникот на April 2, 2015. Посетено на March 9, 2015.
- ↑ Rose Lilah (February 10, 2014). „New Cover Art & Release Date Revealed For Ashanti's "Braveheart" [Update: Tracklist Revealed]“. HotNewHipHop. Посетено на March 9, 2015.
- ↑ „Ashanti Rolls with Rick Ross in 'I Got It' Video“. Rap-Up. Посетено на March 9, 2015.
- ↑ Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
- ↑ Archived at Ghostarchive and the Belly – Seven Day Love (feat. Ashanti) (англиски), December 5, 2016, Архивирано од изворникот на 2017-04-25, Посетено на August 28, 2019CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link): Belly – Seven Day Love (feat. Ashanti) (англиски), December 5, 2016, Посетено на August 28, 2019
- ↑ The Hamilton Mixtape (англиски), December 2, 2016, Посетено на August 28, 2019
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Floating (англиски), June 28, 2019, Посетено на August 28, 2019
- ↑ Archived at Ghostarchive and the Ashanti featuring Afro B – Pretty Little Thing (Official Music Video) (англиски), August 23, 2019, Архивирано од изворникот на 2019-08-23, Посетено на August 28, 2019CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link): Ashanti featuring Afro B – Pretty Little Thing (Official Music Video) (англиски), August 23, 2019, Посетено на August 28, 2019
- ↑ „Intervention: Work at Spotify!“, Spotify Teardown (англиски), The MIT Press, 2019, стр. 193–204, doi:10.7551/mitpress/10932.003.0013, ISBN 978-0-262-34968-0
- ↑ „2:35 (I Want You) - PUSH.fm“. January 21, 2021.
- ↑ „Diddy shares "Gotta Move On" remix featuring Ashanti and Yung Miami“. Fader. October 14, 2022.
- ↑ „Jermaine Dupri - This Lil Game We Play feat Nelly, Ashanti & Juicy J“. Spotify. 9 February 2024. Посетено на 21 February 2024.
- ↑ Grant, Shawn (9 February 2024). „Jermaine Dupri Drops New Single "This Lil Game We Play" ft Nelly, Ashanti & Juicy J“. The Source. Посетено на 21 February 2024.
- ↑ Inman, Demicia (4 January 2024). „Jermaine Dupri Previews Nelly, Ashanti, And Juicy J Collaboration“. Vibe. Посетено на 21 February 2024.
- ↑ „Ashanti talks Nelly: "I've been betrayed"“. US Magazine. Посетено на March 9, 2015.
- ↑ „Nelly And Ashanti Back Together 10 Years After Breakup: Report“. Yahoo Entertainment (англиски). 2023-06-09. Посетено на 2023-06-27.
- ↑ . United States. Наводот magazine бара
|magazine=
(help); Отсутно или празно|title=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ „Exclusive: Ashanti And Nelly Are Expecting — And Engaged!“. Essence (англиски). April 17, 2024. Посетено на 2024-04-17.
Надворешни врски
уреди- Матична страница
- Ashanti discography at Discogs
- Ashanti discography at MusicBrainz
- Ashanti на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Ashanti at the Internet Broadway Database