Арон (комитопул)

комитопул, брат на цар Самуил

Арон (10 век) ― комитопул, брат на Цар Самоил, трет син на комесот Никола.[1]

Арон
комитопул
Роден(а)?
Починал(а)976 или 987/988
ДинастијаКомитопули
ТаткоНикола
МајкаРипсимија

Учествувал во отрфлањето на бугарската врховна власт (969 година) од страна на комитопулите во југозападна Македонија и во востанието против Византија (976 година).

Смртта на Арон

уреди

Смртта на Арон останува посебна загатка, бидејќи изворите кои ја споменуваат се крајно несогласни. Од освртот кој го дава Скилица за поединечната судбина на секој од Комитопулите изгледа дека Арон е убиен пред 986 година.[2]

Меѓутоа, една белешка од Михаил Деволски покажува дека заедно со Самоил кај Трајановите порти (986 год.) се бореле и Арон и Роман. Постои претпоставка дека под овие имиња всушност се кријат имињата на Јован Владислав и Гаврил Радомир.[2] Вистина, упадливо е дека во подоцнежните извори неговиот син Јован Владислав често се нарекува Арон. Под тоа име го забележале, просторно и временски оддалечени од настаните, Јахја Антиохиски и Адемар од Шабан, но и Михаил Псел, чија грешка е до тој степен тешко објаснива, бидејќи извор на информациите му бил Алусијан, синот на Јован Владислав. Меѓутоа, не е познат друг случај на Михаил Деволски да го нарече Јован Владислав по татковото име.[3]

По Битката кај Трајановата Врата, дошло до меѓусебни несогласувања, кои не се целосно познати. Според Скилица, Арон бил настроен провизантиски и настојувал да ја приграби сета власт во државата. По наредба на Самоил, бил убиен во околината на Раметаница, а заедно со него била ликвидирана речиси целата негова фамилија, освен неговиот син Јован Владислав.[1][4]

Семејно дрво

уреди
Семејно дрво на Арон (комитопул)
 
 
 
 
 
 
 
Никола
 
 
 
Рипсимија од Ерменија
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Арон
 
Мојсеј
 
Давид
 
Цар Самоил
 
 
 
Агата
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јован Владислав
 
Теодора Косара
 
Мирослав
 
Ирина
 
 
 
Гаврил Радомир
 
 
 
Унгарска
принцеза
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
неколку синови
и ќерки
 
 
 
Петар Делјан

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 44. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. 2,0 2,1 Пириватрић 1997, стр. 80.
  3. Пириватрић 1997, стр. 81.
  4. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 28. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Литература

уреди