Аргида Андреевска
Аргида Иванова Андреевска (25 октомври 1926 во Прилеп — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
уредиТаа била општа работничка. Од јуни 1941 година била член на СКОЈ. Собирала народна помош, префрлала илегалци од едно на друго место, раководела со скоевска група. Во нејзиниот дом престојувале илегалци. Пролетта 1943 година за време на еден претрес во нивната куќа биле најдени се летоци. Аргида била фатена и задржана во бугарската полиција. По една недела била ослободена. Таа исто така носела храна на политичките затвореници во прилепскиот затвор.[1]
Наводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |