Аргеј II
Аргеј II бил еден од двата синови на Архелај I. Бил претендент за македонскиот престол, кој со помош на Илирите, во 393 п.н.е. го протерал Аминта III и го држел престолот околу една година. Потоа, Аминта со помош на Тесалијците, успеал да го истера Аргеј и повратил дел од своето кралство.
Најверојатно, во 359 п.н.е. истиот тој Аргеј се обидел повторно да го освои престолот. Тој успеал да ги убеди атињаните да го поддржат, но Филип II, кој тукушто станал крал на Македонија, го спречил во тоа. Подоцна Аргеј со помош на неколку трупи безуспешно се обидел преку сила да го заземе престолот. Убиен е или во текот на битката или е погубен после тоа.
Претходник Аминта III |
Кралеви на Македонија 393 п.н.е. |
Наследник Аминта III |
Оваа статија поврзана со античка Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |