Андреј Докурчев
Андреј Димков Докурчев или Андреа Димов со псевдоним Докурче[1] или Осман Бегович[2] ( 1878, Велес - 11 октомври 1907, Будинарци, Беровско) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно двиежење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[3]
Андреja Димков Докурчев | ||
Роден | 1878 Велес, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 11 октомври 1907 Будинарци, Беровско, Македонија | |
Познат | војвода на ТМОРО |
Животопис
уредиАндреј е роден во 1878 година во Велес, Македонија, тогаш во Отоманското Царство. Се школувал во Солун. Станал член на Организацијата во 1894 година, а со нелегален станал во 1896 година, кога се приклучил во четата на Андон Ќосето, а подоцна бил четник и при Михаил Апостолов[3] и Крсто Асенов.
Докурчев бил горноџумајски околиски војвода во 1901 година. Учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од кукушкото село Мурилово. Исто така, учествувал во аферата Мис Стон.[3]
За време на Илинденското востание бил војвода на првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон и на 2-ри спроти 3-ти август, активно учествувал во ослободувањето на Крушево. Во таа прилика тој раководел со 14 востаници од Крушево и со 52-ца востаници од село Крушеани и Света, особено при завземањето на турскиот уќумат, поштенско-телеграфската станица и беледието (општината) во Крушево.[3]
За време на Илинденското востание учествувал во заштитата на Крушевската република, а по востанието повторно бил војвода во Горноџумајско во периодот 1904 - 1905 година.
Од следната 1906 година бил нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите. Загинал на 10/11 октомври 1907 година во месноста Бел камен во близина на селото Будинарци, Малешевско.[4][5] Убиен е од заседа од страна на врховистите. Убиството го извршил арамијата Грушир по заповед на врховистите од Софија.[6]
-
Андреј Докурчев, Андон Ќосето и Марко Христов
-
Четата на Андреј Докурчев за време на Илинденското востание во Крушевско
-
Портрет на Докурчев на паното на ВМРО
Извори
уреди- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 71
- ↑ Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр. 74
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 158–159. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 50-51.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 282.
- ↑ Динев, Ангел (1987). Илинденска епопеја II. Скопје: Мисла. стр. 294.