Андон Брештенски
Андон (Доне, Доно) Брештенски — македонски револуционер, костурски реонски војвода на Македонската револуционерна организација.
Андон Брештенски | ||
Роден | ? Брештени, Костурско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 22 февруари 1907 Жупаништа, Костурско, Егејска Македонија |
Животопис
уредиРоден е во Костурско село Брештени, Егејска Македонија. Добива основно образование. Влегува во ВМОРО и извршува терористички задачи. Заедно со Вангел Поп Христов го убиваат Ахмед-бег од костурското село Желегоже. Во 1907 година е назначен за војвода на Нестрамкол. Но на пат за областа загинува во Жупаништа заедно со Митре Влаот, Вангел Поп Христов и Иљо В’мбелски. Погребан е заедно со своите другари во Апоскеп, откако нивните тела се изложени во Костур.
На 13 март 1907 година, околиската чета на ВМОРО влегува во Жупаништа и ги казнува со смрт предавниците Кољо Гечов, Ставро Шишов и Димитар Апостолов [1]
Наводи
уреди- ↑ Марков, Георги Христов. Хрупищко, Хасково, 2002, стр. 169 - 174.