Ана Бландијана
Ана Бландијана (романски: Ana Blandiana); со родено име Отилија Валерија Коман (Otilia Valeria Coman; 25 март 1942, Темишвар) – романска поетеса, есеистка, новинарка и општественик, која се смета за најголемата поетеса во романската литература на XX век.
Ана Бландијана | |
---|---|
Ана Бландијана во 2019 година | |
Занимање | поетеса есеистка публицист |
Националност | романска |
Значајни награди | Хердерова награда (1982), Златен венец на Струшките вечери на поезијата (2019) |
Животопис
уредиБландијана е родена на 25 март 1942 година во Темишвар. Татко ѝ бил свештеник кој поминал за време на комунизмот поминал многу години в затвор. Мајка ѝ била сметководителка. Нејзината прва книга била издадена во 1952 година во Клуж. За свој псевдоним го избрала името на селото на мајка ѝ во Трансилванија. Заради своето потекло, поточно заради татко ѝ постојано се соочува со проблеми при објавувањето на своите дела. Во 1967 година се преселила во Букурешт. Во периодот 1975 – 1977 работи како библиотекарка во Институтот за ликовни уметности. Од 1976 година почнуваат да се издаваат преводи на нејзините дела во странство. Оттогаш била под постојан надзор на тајните служби како дисидент.
По револуцијата од 1989 година активно се вклучила во општествениот и политичкиот живот на земјата.
Бландијана е високопризнаена фигура во романската книжевност и има напишано 17 стихозбирки, две книги фантастична проза, девет книги есеи и еден роман. Нејзиното дело е преведено на 25 јазици и претставено во 80 книги поезија и проза.
Признанија и награди
уредиБландијана е почесен претседател на романскиот ПЕН-клуб, основач и директор на Меморијалот на жртвите на комунизмот. Член е на поетската академија „Стефан Маларме“, на Европската академија на поезијата, на Светската академија на поезијата.
Награди:
- награда за поезија на Сојузот на романските писатели (1969),
- награда за поезија на Романската академија (1970),
- награда за проза на Асоциацијата на романските писатели (1982),
- Хердерова награда (1982),
- Национална награда за поезија (1997),
- Награда „Opera Omnia“ (2001),
- награда на Виленица (2002),
- Орден Легија на честа на Француската Република (2009),
- Златен венец на Струшките вечери на поезијата (2019)[1]
и на други национални и меѓународни награди и признанија.
Почесен граѓанин на Темишвар (2002).
Библиографија
уреди- Поезија
- Persoana întâia plural, 1964
- Călcâiul vulnerabil, 1966;
- A treia taină, 1969
- 50 de poeme, 1970
- Octombrie, Noiembrie, Decembrie, 1972
- Poeme, 1974
- Somnul din somn, 1977
- Întâmplări din grădina mea, 1980
- Ochiul de greier, 1981
- Ora de nisip, 1984
- Stea de pradă, 1986
- Alte intâmplări din grădina mea, 1987
- Întâmplări de pe strada mea, 1988
- Poezii, 1988
- Arhitectura valurilor, 1990
- 100 de poeme, 1991
- În dimineața de după moarte, 1996
- La cules îngeri, 1997, 2003, 2004
- Cartea albă a lui Arpagic, 1998
- Balanța cu un singur talger, 1998
- Soarele de apoi, 2000
- Refluxul sensurilor, 2004
- Poeme (1964 – 2004), 2005
- Întoarcerea lui Arpagic, 2008
- Patria mea A4, 2010
- Pleoape de apă, 2010
- Есеистика
- Calitatea de martor, 1970, 2003
- Eu scriu, tu scrii, el/ea scrie, 1975
- Cea mai frumoasă dintre lumile posibile, 1978
- Coridoare de oglinzi, 1983
- Autoportret cu palimpsest, 1985
- Orașe de silabe, 1987
- Geniul de a fi, 1998
- Ghicitul în mulțimi, 2000
- Cine sunt eu?, 2001
- A fi sau a privi, 2005
- O silabisire a lumii, 2006
- Spaima de literatură, 2006
- Fals tratat de manipulare, 2013
- Збирки раскази
- Cele patru anotimpuri, 1977, 2001
- Proiecte de trecut, 1982
Наводи
уреди- ↑ Романската поетеса Ана Бландијана е добитникот на наградата „Златен венец“ на СВП за 2019 година[мртва врска] на семрежното место на СВП