Александар Македонски 1970
Движењето за самоосознавање и за признавање на македонската нација „Александар Македонски 1970“ била конспиративна македонска национална политичка организација во Пиринскиот дел на Македонија и на македонската емиграција во Софија, формирана во 1968 година, составена од група македонски интелектуалци со цел да дејствува за признавање на македонската нација и да се бори за слободна обединета независна суверена македонска држава. Претставници на Движењето во 1970 година, пред да бидат уапсени, емигрирале во СР Македонија, каде што не добиле политички азил, а оттука заминале во Западна Европа. Во Копенхаген на 2/3 мај 1971 со ЦК на ОКМ постигнале согласност за обединување на Движењето со Организацијата на Ослободителниот комитет на Македонија[1].
Наводи
уреди- ↑ Д-р Иван Катарџиев, Македонската политичка емиграција по Втората светска војна, Скопје, 1994
Надворешни врски
уреди- Организација за обединување на Македонија[мртва врска] - статија во Време