Албасете (покраина)
Албасете (шпански: Albacete) — покраина во јужниот дел на автономната заедница Кастиља-Ла Манча, Шпанија. Во 2021 г. населението броело 386.464 жители. Седиште е истоимениот град Албасете, на 262 км југоисточно од Мадрид.[1]
Албасете Albacete | |||
---|---|---|---|
покраина | |||
Покраинската управа во Албасете | |||
Албасете во рамките на Шпанија | |||
Земја | Шпанија | ||
Автономна заедница | Кастиља-Ла Манча | ||
Седиште | Албасете | ||
Управа | |||
• Претседател | Сантјаго Кабањето Масип | ||
Површина | |||
• Вкупна | 14.858 км2 (5,737 ми2) | ||
Население (2021) | |||
• Вкупно | 386.464 | ||
• Густина | 26,13/км2 (67,7/ми2) | ||
Службен јазик | шпански | ||
Мреж. место | dipualba.es |
Историја
уредиТериторијата на денешната покраина е населена уште од древно време, за што сведочат пештерските слики од Куева дел Нињо и Куева де ла Вјеха.[2] Во римско време подрачјето на покраината бил дел од Карпетанија и Келтиберија, Контестанија, Бастетенија и Оретанија. Римјаните изградиле важен град во Либисоса,[3] а за време на Визиготите, на важност добил Толмо де Минатеда.
Во исламско време териториите на покраината биле под разни влијанија, кога се изградени бројни замоци и стражарски кули за одбрана од напади. Во средновековието тука се одиграле поголем број битки. На 25 април 1707 г. крај градот Албасете се одиграла и Битката кај Алманса која завршила со победа на Филип V, негово доаѓање на престолот и втемелување на династијата Бурбонци во Шпанија.[4]
Во 1822 г. е создадена краткотрајната покраина Чинчиља сочинета од општини во покраините Ла Манча, Куенка и Кралството Мурсија. Главниот град Чинчиља де Монтеарагон, мошне блиску до Албасете, послужил како основа за покраината Албасете, создадена во 1833 г. по наредба на Хавиер де Бургос.[5] Со усвојвуањето на уставот од 1978 г. покраината Албасете се префрлила од регионот Мурсија во регионот Кастиља-Ла Манча, а во 1982 г е одобрена нејзината автономија.[6]
Географија
уредиПокраината се наоѓа југоисточно од Централната Висорамнина и зафаќа површина од 14.926 км2. Се граничи со покраините Гранада, Мурсија, Аликанте, Валенсија, Куенка, Сиудад Реал и Хаен. Поделена е на 87 општини и 7 судски окрузи. Седиште на управата е градот Албасете. Други поважни градови (со преку 10.000 жители) се Ељин, Виљаробледо, Алманса, Ла Рода и Каудете. Најголема река низ покраината е Хукар, која ја преминува на североисток и е позната по длабоките клисури и живописните дрва.[7] На запад тече Лагунесе де Руидера. Други реки се Кабриел (на североисточната граница), Салобрал, Навалкуди и Тахо-Сегура (во средишниот дел), Корколес (на југозапад) и Гвадалмена, Мундо, Тус, Сегура и Таибиља (на југ).
Население
уредиОва е бројноста на населението на покраината низ годините:
Стопанство
уредиВо 2020 г. вкупната вредност на производството во покраината изнесувала 1,03 милијарди долари.[8]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Гугл (30 септември 2014). „Албасете (покраина)“ (Map). Гугл Карти. Гугл. Посетено на 30 септември 2014.
- ↑ Ampurias: revista de prehistoria, arqueología y etnología. 1973. стр. 25.
- ↑ Morris, A.E.J. (2 декември 2013). History of Urban Form Before the Industrial Revolution. Routledge. стр. 79. ISBN 978-1-317-88514-6.
- ↑ Pearce, Adrian J. (20 август 2014). The Origins of Bourbon Reform in Spanish South America, 1700-1763. Palgrave Macmillan. стр. 24. ISBN 978-1-137-36224-7.
- ↑ Alí Miranda, Francisco; Calzado, Angel Ramón del Valle (2008). La guerra civil en Castilla-La Mancha, 70 años después: actas del Congreso Internacional. Univ de Castilla La Mancha. стр. 828. ISBN 978-84-8427-555-8.
- ↑ Máiz, Ramón; William, Safran (14 јануари 2014). Identity and Territorial Autonomy in Plural Societies. Routledge. стр. 132. ISBN 978-1-135-30394-5.
- ↑ Spain. Lonely Planet. 2007. стр. 256. ISBN 978-1-74104-554-3.
- ↑ „Descarga de datos mensuales máxima desagregación en euros (Céntimos) - Agencia Tributaria“.
Надворешни врски
уреди- Албасете (покраина) на Ризницата ?
- Службен портал на покраината (шпански)