Окрузи во Израел
Израел е поделен на 6 окрузи (хеб. מחוזות, „мехозот“, едн. „махоз“) со 15 подокрузи (נפות, „нафот“, едн. „нафа“). Секој подокруг потоа се дели на природни региони (вкупно 50).
![](http://up.wiki.x.io/wikipedia/commons/thumb/f/fe/Israel_districts_numbered_with_Cyrillic_letters.svg/220px-Israel_districts_numbered_with_Cyrillic_letters.svg.png)
1. Северен, 2. Хаифски, 3. Централен, 4. Телавивски, 5. Ерусалимски.
Спорни подрачја: А. Голанска Висорамнина, Б. Јудеја и Самарија, В. Појас Газа.
Податоците во статијава се преземени од Централната служба за статистика на Израел, и затоа ги опфаќаат сите места под израелска цивилна власт, вклучувајќи ги теритоториите окупирани од Израел. Таков пример е подокругот Голан и неговите четири природни региони кои не се признаени од Обединетите Нации и меѓународната заедница како израелски територии. Наведеното население на Ерусалимскиот округ ги вклучува и жителите на Источен Ерусалим, чие припојување кон Израел исто така нема меѓународна поддршка. Единствено невбројани остануваат жителите на округот Јудеја и Самарија, бидејќи Израел не ја наметнува својата цивилна власт во тој дел од Западниот Брег.
- Население: 1.241.900
- Административен центар: Назарет
- Население: 880.700
- Административен центар: Хаифа
- Подокрузи:
- Хаифа (529.300)
- Хадера (351.400)
- Население: 1.770.000
- Административен центар: Рамла
- Подокрузи:
- Шарон (389.600)
- Петах Тиква (604.600)
- Рамла (282.800)
- Реховот (493.000)
- Население: 1.227.900
- Административен центар: Тел Авив
- Население: 1.201.200
- Административен центар: Бершеба
- Подокрузи:
- Ашкелон (456.000)
- Бершеба (565.300)
- Население: 327.750 израелски доселеници
- Административен центар: Ариел
Овој округ претставува географска класификација за израелските населби на Западниот Брег освен Источен Ерусалим и поранешната „ничија земја“ на израелско-јорданската граница близу Латрун. Подрачјето потпаднало под израелска власт по Шестдневната војна (1967) но сè уште не е приклучено кон Израел поради долгите преговори за неговиот статус. Многу Израелци го сметаат за дел од т.н. „Израелска Земја“, но не е признаено како такво од ООН и ниедна странска земја.
Наводи
уреди- ↑ Округот опфаќа територии добиени со Шестдневната војна од 1967 г. и припоени кон Израел со Законот за Ерусалим.
- ↑ Окупиран за време на Шестдневната војна во 1967 г. и припоен кон Израел со Законот за Голанската Висорамнина. Нема меѓународно признание.
- ↑ „Региони и територии: Голанска Висорамнина“. Би-Би-Си. 10 август 2010. Посетено на 18 јануари 2011. (англиски)
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Податоци за населението во секој округ и подокруг (англиски)
- Централно биро за статистика на Израел[мртва врска] - подробни податоци за сите единици (англиски)