Аг Аполони

Албански писател

Аг Аполони (албански: Ag Apolloni, 13 јуни 1982) - албански прозатор, поет, драматург, есеист и истражувач. Професор е наУниверзитетот во Приштина. Неговите книжевни дела се признаени поради драматичната димензија, филозофскиот третман и критичниот став кон историјата, политиката и општеството.

Аг Аполони
ЗанимањеПисател
ЈазикАлбански јазик
ПрестојувалиштеКосово Косово
НационалностАлбанец
ЖанрПоет
Прозатор
Драматург
Години на активност2009-актуален

Животот

уреди

Аг Аполони е роден на 13 јуни 1982 година во Качаник (Косово). Основно училиште и гимназија завршил во родниот град, а студиите за драматургија и литература ги завршил во 2005 година на Универзитетот во Приштина. Од економски причини, тој престанал да студира филозофија во 2006 година и најмногу две години минал во болницата во Приштина, водејќи сметка за неговиот болен татко, кој почина во 2007 година. Во 2008 година, Аг Аполони се здобил со титулата магистер по филолошки науки, а во 2012 година добил титула доктор по филолошки науки. Аполони во моментов е професор на Универзитетот во Приштина, каде работи од 2008 година.[1].

Работа

уреди

Аполони работел како новинар, уредник и главен уредник во неколку дневни весници, книжевни и културни списанија во Приштина. Во 2010 година го реактивирал и водел три години најстарото книжевно списание на Косово, „Нов живот“ (на албански „Jeta e Re“) (основано во 1949 година)[2], кое се затворило во 2006 година. Во 2013 година го основал културното списание „Симбол ", во кое имал интервјуа со: Линда Хатчеон, Жонатан Калер, Рита Дове [3], Раул Ешелман, Готфрид Хелнвеин, Андреас Хујсен, Микее Бал, ДМ Томас, Хавиер Церкас [4] и други. Текстовите и делата на Аполони се преведени на повеќе јазици, како што се: англиски, германски, италијански, чешки, македонски, српски, итн. Аполони неколкупати има добиено национални награди за неговите дела.

Книжевни дела

уреди

Аг Аполони започнал да пишува во 2003 година. Во едно кафуле тој слушнал воена приказна за еден злосторник кој ги собирал очите на своите жртви и таа приказна го шокирала толку длабоко што тој создал монодрама во текот на ноќта. Оваа монодрама, наречена „Приказната за колекционер на очи“, била објавена и во австриското списание „Лихтунген“ [5]. За време на студиите пишувал поезија, која ја објавил во 2009 година под наслов „Зомби“. Додека, во 2013 година го објавува романот „Завивањето на волкот“, каде, преку постмодерната форма, тој ја комбинира болката со бесот. Провоциран од лични искуства, големиот бес во овој роман често носи планетарни размери. Авторот не штеди никго, тој ги критикува сите: себеси, семејството, општеството, нацијата, светот и Бог. По овој роман, тој го пишува романот „Зазен“ како омаж на еден пријател на оној кој, по завршувањето на студиите во филијалата за филозофија, не можејќи да најде работа во родната земја, огорчен од сите, решил да исчезне и, по неколку дена, бил пронајден мртов во бездна. Додека драмите на Аполони предизвикуваат страв и сочувство, неговите песни го претвораат интимниот живот во уметност, неговата проза е страв и бес. Со оглед на тоа, студиите за „Постмодерна парабола“ (2010), „Парадигмата на протесот“(2012) и прегледите објавени во периодиците покажуваат тенденција да се отворат нови истражувачки патеки.

Наводи

уреди
  1. „, Jetëshkrimi i Dr. Ag Apolloni, filologjia.uni-pr.edu Vizituar më 23 qershor 2016“. Архивирано од изворникот на 2019-08-18. Посетено на 2019-11-19.
  2. "Plot shtatë dekada, kjo është revista më e vjetër letrare në hapësirat shqiptare". Gazeta e re. 2019-06-08. Посетено на 2019-09-01.[мртва врска]
  3. "Poetry is a kind of dance". Eurozine. 2017-02-14. Посетено на 2019-09-01.
  4. "The freedom of the novel". Eurozine. 2019-02-21. Посетено на 2019-09-01.
  5. "Stefan". Lichtungen Zeitschrift für Literatur, Kunst und Zeitkritik. 2011-06-20. Посетено на 2019-09-01.[мртва врска]