Авеиро
Авеиро (португалски: Aveiro) е значаен град и општина во Португалија, сместен во неговиот западен дел. Во 2011 година, населението броело 78.450,[1] на површина од 197,58 км2,[2] што го прави втор најнаселен град во централниот регион на Португалија по Коимбра.
Авеиро Aveiro | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
општина | ||||||||
Авеиро, познат како Португалска Венеција | ||||||||
Земја | Португалија | |||||||
Област | Централен регион | |||||||
Подобласт | Баишу Вога | |||||||
Округ | Авеиро | |||||||
Околии | 10 | |||||||
Управа | ||||||||
• Претседател | Хосе Рибау Естевез | |||||||
Површина | ||||||||
• Вкупна | 197,58 км2 (7,629 ми2) | |||||||
Население (2011) | ||||||||
• Вкупно | 78.455 | |||||||
• Густина | 4,0/км2 (10/ми2) | |||||||
Час. појас | WET/WEST (UTC+0/+1) | |||||||
Координати | 40°38′N 8°39′W / 40.633° СГШ; 8.650° ЗГД | |||||||
Мреж. место | https://www.cm-aveiro.pt/ |
Низ Аверио се прокопани неколку канали, па заради тоа градот го нарекуваат и „Португалската Венеција“.
Географија
уредиГрадот Авеиро се наоѓа во западниот дел на Португалија. Од главниот град Лисабон градот е оддалечен 260 километри северно, а од градот Порто е 80 километри јужно.
Релјеф: Авеиро се наоѓа на надморска висини од 0–20 m. Подрачјето околу градот е рамничарско, односно градот лежи на рамницата Беира, која е житница во државата.
Клима: Климата во Авеиро е средоземна.
Историја
уредиПодрачјето во Авеиро е населено уште од праисторијата. Денешнaтa населба постои од 10 век.
Градот ги добил градските права во 1759 година. Во градот постои универзитет, кој е основан во 1973 година.
Население
уредиОд последниот попис во 2008 година општината Авеиро има околу 78 илјади жители, од кој околу 67 илјади живеат во градското подрачје. Во последната деценија бројот на жители расте.
Партнерски градови
уредиПартнерски градови на Авеиро се:[3]
- – Бурж, Франција, од 1989
- – Вијана до Кастело, Португалија
- – Аркашон, Франција, од 1989
- – Сијудад Родриго, Шпанија, од 1989
- – Форли, Италија, од 1990
- – Оита, Јапонија, од 1978
- – Троа Ривиер, Канада, од 1996
- – Махдија, Тунис, од 1998
- – Панју, Кина, од 2000
- – Холаргос, Грција, од 2001
- – Пемба, Мозамбик, од 1995
- – Санто Антонио, Саун Томе и Принсип, од 1998
- – Инјамбане, Мозамбик, од 1989
- – Белем, Бразил, од 1970
- – Кубатан, Бразил, од 1992[4][5]
- – Пелотас, Бразил, од 1996
- – Санта Крус, Зелен ’Рт, од 1993
- – Фарим, Гвинеја-Бисао, од 1992
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Statistics Portugal“. www.ine.pt.
- ↑ Direção-Geral do Território[мртва врска]
- ↑ „Geminações de Cidades e Vilas: Aveiro“ (португалски). Associação Nacional de Municípios Portugueses. Архивирано од изворникот на 2019-12-11. Посетено на 2015-05-29.
- ↑ „LEI MUNICIPAL Nº 2.086, DE 17/09/1992 - Cubatão / SP - Legislação Municipal“ [MUNICIPAL LAW NUMBER 2,086, FROM 1992-9-17 - Cubatão / SP - Municipal Legislation] (португалски). Cubatão Municipal Council. Архивирано од изворникот на 29 May 2015. Посетено на May 28, 2015.
- ↑ „Um monumento à amizade (2)“ [A monument to friendship (2)] (португалски). Novo Milênio Electronic Journal. Посетено на May 28, 2015.