Џон Реј
Џон Реј (англ. John Ray, до 1670 го испишувал своето име како John Wray; 29 ноември 1627 во Есекс — 17 јануари 1705 исто така) бил англиски природонаучник. Бил член на Кралското друштво.
- За други луѓе со истото име, видете Џон Реј.
Објавил неколку важни работи за растенијата и животните, како и класичната работа во традицијата на природната теологија — „Мудроста Божја, отелотворена во творбата“ (Wisdom of God, Manifested in the Work of Creation, 1691).
Во делото Methodus plantarum novae (1682) прв ја вовел поделбата на растенијата на дикотиледони и монокотиледони и ја дал првата биолошка концепција за видот.
Полемизирал по прашањата за класификација на растенијата со Жозеф Питон де Турнфор и Август Ривинус.
Го проучувал влијанието на светлината врз бојата на растенијата.
Познат е и како собирач на англиски поговорки и легенди.
Биографии
уреди- Charles E. Raven. John Ray: Naturalist: His Life and Works, 1950
Надворешни врски
уреди- Synopsis methodica avium Архивирано на 16 јули 2011 г. and Synopsis methodica piscium Архивирано на 16 јули 2011 г. во Göttinger Digitalisierungszentrum
- Англиски превод на Methodus plantarum novae Архивирано на 20 август 2008 г.
- Англиски превод на Dissertatio de variis methodis Архивирано на 27 август 2008 г.
- Биографија (англиски)
- The John Ray Initiative: connecting Environment and Christianity