Љубовка
Љубовка — село во Светиврачко, Пиринска Македонија, денес во општината Свети Врач на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Љубовка Любовка | |
---|---|
Координати: 41°34′N 23°21′E / 41.567°N 23.350°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Благоевградска област |
Општина | Свети Врач |
Површина | |
• Вкупна | 11.739 км2 (4,532 ми2) |
Надм. вис. | 748 м |
Население (2015) | |
• Вкупно | 30 |
• Густина | 0,0.026/км2 (0,0.066/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 2811 |
Повик. бр. | 07435 |
Географија и местоположба
уредиСелото Љубовка се наоѓа на 17 километри источно од Свети Врач, во планински регион. Селото има три маали: горна, средна и долна. Селото се наоѓа на надморска висина од 748 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 11.739 км2.
Историја
уредиОсманлиско Царство
уредиВо 1875 година за свештеник во селото бил поставен Алекса Анастасов, кој завршил грчко училиште во Мелник. Тој на функцијата се задржал и по 1878 година[1]. Црквата Света Недела била изградена во 1885 година. Во 1888 година во приватна куќа било отворено ново училиште[2].
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Либовка (Libovka) се состоела од 75 куќи и 250 Македонци[3][4]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Љубовка, село 2 часа на С од Мелник, до Бождово 1 час пат. Куќите му се изградени на неколку ридови. селаните произведуваат и вино. Грчка црква, во која се чита мешано. 65 куќи, само Бугари.[3][5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 520 жители, сите Македонци[3][6].
Бугарија
уредиПо крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Во 1919 година, на иницијатива на Ѓорѓи Менчев (1887 - 1923 година), во селото била формирана организација на БКП, во која членувале Ѓорѓи Тимев, Ѓорѓи Стојанов Тичев и други. На изборите во 1922 година, сите комунистички кандидати биле избрани за општински советници, а Менчев станал градоначалник. Бил воведен прогресивен данок на доход. Официјални лица на ВМРО ги уапсиле комунистичките советници, и по брутално испитување на 10 септември 1922 година, ги убиле во Лопово на Пирин[7].
Година | 1934 | 1946 | 1956 | 1965 | 1975 | 1985 | 1992 | 2001 | 2011 | 2015 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Жители | 326 | 436 | 451 | 282 | 212 | 100 | 68 | 61 | 32 | 30 |
Редовни настани
уреди- 20 јули – Илинден. Во црквата „Свети Илија“ се собираат жителите на селото.
- 15 август – Голема Богородица. Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се собираат жителите на селото.
Личности
уреди- Родени
- Атанас Апостолов, доброволец во Македонско-одринските доброволни чети[10]
- Ѓорѓи Менчев (1887 - 1922), деец на БКП
- Ѓорѓи Тимев (1887 - 1922), деец на ВМОРО и БКП
- Ѓорѓи Јакимов (1885 - 1922), деец на БКП
- Стојан Златанов, деец на ВМРО
Наводи
уреди- ↑ Българската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 33.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том Ι. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 521. ISBN 954-90006-1-3.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 142 – 143.
- ↑ Стрезов, Георги. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн. XXXVII и XXXVIII, 1891, стр. 28.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 189.
- ↑ Тасев, Славчо (1971). Безсмъртните 1922 - 1944. Биография на загиналите в борбата против капитализма и фашизма от Благоевградски окръг. София: Издателство на Българската комунистическа партия. стр. 58, 62.
- ↑ 8,0 8,1 (бугарски) https://web.archive.org/web/20160304125710/http://www.nsi.bg/nrnm/show9.php?sid=2212&ezik=bul. Архивирано од за населението на с. Любовка , общ. Сандански, обл. Благоевград изворникот Проверете ја вредноста
|url=
(help) на 2016-03-04. Посетено на 2018-02-04. Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Национален статистически институт. Население по области, общини, населени места и възраст към 01.02.2011 г.“ (бугарски). Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 2012-03-18.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 47.