Јоце Панов
Јоце Панов (роден во Штип, Македонија; роден на 17 јануари 1982) — македонски изведувач на поп-музика, кој моментално живее во Скопје.
Јоце Панов | |
---|---|
Роден(а) | 17 јануари 1982 Штип, Македонија |
Жанр(ови) | Поп |
Занимање/ња | Пејач, композитор, текстописец |
Мрежно место | www.jocepanov.com |
Основно и средно училиште завршил во родниот град, во училиштата ОУ „Славејко Арсов“ - Штип и СМУ „Сергеј Михајлов“ - Штип. Со високо образование се стекнал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот музичка теорија и педагогија.
За едно од најголемите достигнувања во неговата музичка кариера се смета неговиот прв солистички концерт одржан во Домот на култура „Ацо Шопов“ - Штип, во декември 2007 година.
Музичка кариера
уредиЈоце Панов настапил на повеќе фестивалски манифестации во земјава и странство, на кои се претставил со следниве композиции:
- 2004
- Охрид, Канео фест. Композиција: "Љубовта нека ми суди"
- 2006
- Штип, Макфест. Композиција: "Сродни души"
- 2007
- Штип, Макфест. Композиција: "Во недела"
- 2008
- 2009
- Будва, Песма Медитерана. Композиција: "Ти пеам песна"
- 2010
- Голден Воицес, Композиција: "Ти пеам песна" и "Ариа"
- Будва, Песма Медитерана. Композиција: "Љубовна религија"
- Белорусија, Славјански Базар. Композиција: "Ти пеам песна" и "Ивана"
- Скопје, Евро фест. Композиција: "Љубовна религија"
- 2011
- Интернационален фестивал "ДИСКАВЕРИ" во Варна – Бугарија, како претставник од Македонија
- Сингл: „Нико те нече вољети тако“- препев на мкд: „Да јас сум тој“
- Херцег Нови - Сунчане скале . Композиција: „Теби није стало“- препев на мкд: „Тебе не ти значи“
- Загреб фест . Композиција „Што и да ми сториш“
- Сингл: „Туга и ја“- препев на мкд: „Душа на дно“
- Сингл: „Вјештице“ -препев на мкд: „Вештице“
Награди и признанија
уреди- 2009
- Будва, Песма Медитерана - НАЈДОБАР ДЕБИТАНТ на фестивалот
- 2010
- Голден Воицес - НАЈДОБАР ВОКАЛ;
- Будва, Песма Медитерана - ТРЕТО МЕСТО на фестивалот од публика, од вкупно 24 финалисти учесници, познати естрадни имиња во поп-музиката од поранешна Југославија
- Белорусија, Славјански Базар - ТРЕТО МЕСТО од жири
- Скопје, Евро фест - ГРАН ПРИ на фестивалот
- 2011
Дискографија
уреди- Ти пеам песна (издаден на 20 јануари 2011) прв студиски албум
- Огнени печати (издаден на 19 март 2012) втор студиски албум
- Ватрени печати (издаден на 17 јануари 2013) издание на српски јазик
Видеографија
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Ова лето | 2007 | — |
Заедно за животот | 2007 | — |
Усните твои | 2008 | GURKO |
Ти пеам песна | 2009 | — |
Нема одговор | 2009 | Владимир Димитров |
Ивана | 2011 | Дарио Јанковиќ |
Да јас сум тој | 2011 | Дарио Јанковиќ |
Вештице | 2012 | Дарио Јанковиќ |
Љубовна религија | 2012 | Дарио Јанковиќ |
Нисам више тај | 2013 | Дарио Јанковиќ |
Зовем те мила | 2013 | Дарио Јанковиќ |
Моја најдобра | 2014 | Дејан Миличевиќ |
Те лажеле | 2015 | Дарио Јанковиќ |
Брига ме | 2016 | Дарио Јанковиќ |
Ало бре | 2016 | Дејан Миличевиќ |
Потроши | 2016 | Дарио Јанковиќ |
Вирус | 2017 | Дарио Јанковиќ |
Кога те нема | 2018 | Дарио Јанковиќ |
Данас је љубав побиједила | 2018 | Дарио Јанковиќ |
Nocas kupujem iluzije | 2019 | Дарио Јанковиќ |
Температура | 2020 | Дарио Јанковиќ |
Мојот град | 2021 | Дарио Јанковиќ |
Nikome ne pricam o nama | 2023 | Дејан Миличевиќ |
Pogresna | 2023 | Д.Шљивиќ |
Sreca u nesreci | 2024 | Дејан Миличевиќ |
Надворешни врски
уреди- www.jocepanov.com - Официјалното мрежно место на Јоце Панов Архивирано на 19 јули 2013 г.