Јоне Дескоски
Јоне Смилев Дескоски (1923 во Злести, Охридско — 7 ноември 1944 во Охрид) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиЈоне Смилев Дескоски е роден во Злести. Се занимавал со земјоделство. Во НОБ пристапил доброволно на 5 август 1944 година. Како борец во составот на петнаесетата македонска бригада загинува во борбите за ослободување на Охрид, на 7 ноември 1944 година.[1]