Јазирци
Јазирци — историско село, сместено високо на планинскиот масив на Скопска Црна Гора. Селото Јазирци се наоѓало на планината Скопска Црна Гора северно и над селата Раштак, Љуботен и Љубанци. Денес низ месноста тече Јазирска Река, а атарот е поделен меѓу Радишани и Љуботен во денешна Општина Бутел.
Јазирци | |
Координати 42°5′8″N 21°26′49″E / 42.08556°N 21.44694°E | |
Регион | Скопски |
Општина | Бутел |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
Јазирци на општинската карта Атарот на Јазирци во рамките на општината | |
Јазирци на Ризницата |
Историја
уредиВо пишаните историски документи за селото Јазирци се среќава запис во турските пописни дефтери од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 за Скопскиот вилает од 1452/53 година, каде за селото Јазирце е запишано дека во него живееле со 34 христијански македонски семејства кои произведувале пченица, јачмен, овес, ’рж, просо, граор, бостан, лен, овошје, одгледувале лозја, чувале свињи и пчели и работела една воденица и овошен расадник за што се остварувал севкупен обрт од приходи и давачки од 5473 акчиња[2]. Подоцна во XIV век во пописните дефтери од 1544 година Јазирци имало 65 македонски христијански семејства, а во 1568 година биле регистрирани 71 христијански семејства[2]
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Јазвиреце и имало мешано христијанско[3] и муслиманско[4] население, каде имало 7 христијански и 5 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 25 мажи христијани, со 1 новороденче и 18 мажи муслимани со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 98 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 248 жители.[5]
Иако низ историјата селото било македонско, во поновиот период во него се населиле Албанци на кои тоа им станало главно упориште од каде вршеле многу грабежи и насилства над остантите села, особено на Раштак, заради што самото село Јазирци било уништено во 1912 г. за време на Балканските војни.
Кон крајот на XIX век селото ѝ припаѓало на Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) кон 1900 г. во селото веќе живееле 145 Арнаути муслимани.[6]
Иако веќе било уништено, на етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Јазирце (Jazirce) како албанско село.[7] Истото го потврдува и Афанасиј Селишчев во 1929 г.[8]
Поврзано
уредиКултурно-историска оставнина
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Соколоски, Методија (1976). Турски документи за историјата на македонскиот народ. III. Скопје: Архив на Македонија. стр. 196.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
- ↑ Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
- ↑ Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с. 206
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929.