Ѓурѓе Бошковиќ
Ѓурѓе Бошковиќ (Белград, 11 април 1904 - Белград, 29 јуни 1990 ) – историчар на уметноста и архитектурата и археолог, универзитетски професор, член на МАНУ надвор од работниот состав од 26 јули 1974 година.[1]
Ѓурѓе Бошковиќ Ђурђе Бошковић | ||
Роден | 11 април 1904 Белград | |
---|---|---|
Починал | 29 јуни 1990 Белград | |
Националност | Србин | |
Занимање | универзитетски професор, академик |
Животопис
уредиБошковиќ е роден во Белград на 11 април 1904 година. Дипломирал на Техничкиот факултет (Архитектонски отсек) во Белград (1928). Првин бил кустос на Историско-уметничкиот музеј во Белград (1930-1934), а потоа преминал на работа на Техничкиот факултет. Во текот на Втората светска војна бил во заробеништво (1941), а подоцна во казненички логор (1943). Бил избран за почесен доктор на Универзитетот во Белград (1971) и член на ЈАЗУ (1976), претседател на Националниот комитет и потпретседател на Меѓународниот комитет за словенска археологија (УИАС), претседател на Националниот комитет и член на Меѓународниот комитет за историја на уметноста (ЦИХА). Ја проучувал и материјалната и духовната култура на Македонија, посебно во средниот век. Вршел конзерваторски работи во Старо Нагоричане, Кумановско.[1]
Творештво
уреди- Архитектура средњег века, Београд, 1957 (IV изд. 1976)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 200. ISBN 978-608-203-023-4.