Ѓунер Исмаил
Ѓунер Исмаил (роден на 27 септември 1951 година во Битола) — македонски политичар, издавач, публицист, општественик од турска народност.[1]
Ѓунер Исмаил | ||
Роден | 27 септември 1951 Битола, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Турчин | |
Занимање | политичар |
Животопис
уредиЗавршил Филозофски факултет во Скопје. Со пишување почнал во студентските денови, со театарски рецензии за МОТ и Фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Првите публицистички трудови ги објавил во весникот „Комунист”, а кон крајот на осумдесеттите години соработувал и во „Млад борец”. Во наредната деценија е колумнист во „Дневник”. Заедно со Сашо Ордановски е основач и сопственик на магазинот „Форум”, подоцна „Форум плус”, каде што од првиот број (30 декември 1997) е колумнист. Пишува и за списанија од областа на политиката и општествените науки. Бил министер за култура во периодот од 5 септември 1992 до 20 декември 1994 и портпарол на Владата на Македонија.
Филмографија
уреди- Пред дождот - 1994
- Прашина - 2001
- Наше маало - 2002
- Контакт - 2005
- Збогум Румелија - 2007
- Балканска приспивна песна - 2022
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Исмаил“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 620. Text "series " ignored (help)